заштита на податоци

Забелешка за заштита на податоци

Вработени, купувачи или бизнис партнери на Marquardt Management SE може да го користат “"iWhistle" да пријават прекршувања на регулативи како што се антимонополски закони или корупција посебно ( канал за известување “Усогласеност со правни регулативи”), како и одредени прекршувања на регулативите за заштита на податоци (канал за известување на “Заштита на Податоци”) или човекови права (канал за известување “Човекови права”) .

Системот за поднесување извештаи е целосно одделен од останатите системи. Единствено одговорниот за усогласеност со правни регулативи има пристап до извештаите. Останатите департменти се вклучени единствено доколку ова посебно се бара за да се процесира некој случај (на пр. Службеникот за приватност на податоци во Групација во случај на инциденти поврзани со приватност на податоци)

Инфраструктурата на системот вклучувајќи веб страни и бази на податоци се управувани од компанијата која ја обезбедува услугата iComply GmbH лоцирана во 55116 Mainz, Große Langgasse 1A. iComply GmbH е договорно обврзана на строга доверливост и да ги почитува сите барања за заштита на податоците.

Кои лични податоци и информации се собираат и обработуваат?
При пријавување на прекршувања преку “iWhistle”, лични податоци за:

  • лицето кое го поднесло извештајот (пр. име, контакт детали) (опционо/доброволно!) и
  • лицата засегнати од инцидентот (пр. Опис на акциите на засегнатите лица)

внесени во соодветната форма за известување или префрлена преку заштитеното поштенско сандаче се собираат и обработуваат. Податоците се обработуваат од Департментот за усогласеност со правни регулативи со цел да се разгледаат известените инциденти, иницираат и извршат истраги, и да се превземат корективни акции доколку е неопходно.
 
Како дел од разгледувањата, истрагите и корективните акции што треба да се превземат, може да биде неопходно да се споделат информации за известениот инцидент со други вработени од други департменти како што се Правен департмент или Менаџментот на Marquardt Management SE, останати компании, екстерни советници (пр. правни советници) или соодветните власти. Може да сме исто така обврзани да го доставиме поднесениот инцидент до релевантни власти и до засегнатите индивидуи.

Колку долго личните податоци ќе се чуваат?
Личните податоци и информации кои ќе ги известите ќе бидат зачувани додека се потребни за процесирање на извештајот и доколку е апликативно, да се иницираат санкции или колку што се бара според законот . Ако се докаже дека пријавата е неоснована, пријавата заедно со сите содржани лични податоци внатре ќе бидат избришани веднаш.